Учество на Агенцијата за пошти во крводарителска акција

Krvodaritelstvo

Агенцијата за пошти ја означи својата традиција како општествено одговорна институција која го поддржува доброволното дарување крв кое претставува одраз на високи етички, хуманирани и морални вредности. Со крводарителската акција, која беше организирана во соработка со ЈЗУ Институтот за трансфузиона медицина и Црвен крст на град Скопје, Агенцијата даде придонес за здравствениот систем како општествено одговорна институција и промовирање на вредностите за подобро глобално здравје, спасување на животи и подобрување на туѓото здравје.

Вработените на Агенција за пошти  несебично ја покажаа нивната хуманост на дело со дарување крв, се со цел подигање на свеста за доброволното дарување крв, а со тоа и спасување на животи и градење на солидарноста во нашето општество.

Агенцијата за пошти  и во иднина ќе продолжи да биде општествено одговорна институција која ќе учествува во повеќе крводарителски акции и хуманитарни настани.

Image
Stan
Image
Оки 7
Image
Оки8