Агенцијата за пошти спроведе вонредни надзори во соработка со службени лица од други инспекциски служби

Nadzor

Агенцијата за пошти во заедничка и координирана акција со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за економски криминал и корупција, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Државниот Инспекторат за Труд и Државниот Пазарен Инспекторат  спроведе вонредни надзори над давателите на поштенски услуги Б ПОСТ ДООЕЛ Скопје – Подружница Б ПОСТ, МИК МИК ДООЕЛ Скопје и МЕКС ПОШТА ДОО Скопје.

По извршените надзори од страна на Агенцијата за пошти беа составени записници за сторени прекршоци и тоа:

    1. Б ПОСТ ДООЕЛ Скопје – Подружница Б ПОСТ

Опис на прекршок:

  • обезбедува поштенски услуги кои не се наведени во Општото овластување издадено од Агенцијата за пошти, спротивно на член 41 став 2 од Законот за поштенски услуги.  

Врз основа на констатираните прекршоци беа издадени прекршочни платни налози на правното лице и за одговорните лица во правното лице.

    2. МИК МИК ДООЕЛ Скопје

Опис на прекршок:

Врз основа на констатираните прекршоци беа издадени прекршочни платни налози на правното лице и за одговорните лица во правното лице.

3. МЕКС ПОШТА ДОО Скопје

Опис на прекршок:

  • обезбедува поштенски услуги кои не се наведени во Општото овластување издадено од Агенцијата за пошти, спротивно на член 41 став 2 од Законот за поштенските услуги.

 Врз основа на констатираните прекршоци беа издадени прекршочни платни налози на правното лице и за одговорните лица во правното лице.

Против правните лица кои беа предмет на надзор и контрола ќе следуваат и соодветни поднесоци од страна на другите надлежни институции.