Европска недела на мобилност: Заштедете енергија преку одржлива мобилност!
Од 16-22 септември, приближно 3000 градови од околу 59 земји ширум светот ќе ја одбележат Европската недела на мобилност, со активности кои ги охрабруваат луѓето да одберат користење на јавен превоз, возење велосипед, да се одлучат за пешачење како и други „чисти“ транспортни решенија.
Агенцијата за пошти јавно ќе ja поддржи Европската недела на мобилност која претставува водечка кампања на Европската Комисија за подигање на јавната свест за одржлива и урбана мобилност. Оваа година, темата е Save energy! - Заштедете енргија! која го нагласува влијанието што одржливите транспортни решенија го имаат врз климатските цели и врз енергетската и мобилна сиромаштија.
Ве повикуваме, во недела ( на 17 септември) со почеток во 10:30 часот во Градскиот Парк во Скопје кај платото „Школка“ заедно да се дружиме и да ја поддржиме оваа кампања која промовира промена во однесувањето на граѓаните во поглед на користење на „чисти и зелени“ транспортни решенија и јавен превоз.