Успешно завршена TAIEX Експертска мисија за транспонирање и имплементација на ЕУ Регулативата 2018/644 за услуги за меѓународна достава на пакети во македонското законодавство

Ap4

Во период од 02 до 06 октомври 2023 година во просториите на Агенцијата за пошти се одржа TAIEX Експертската мисија за транспонирање и имплементација на ЕУ Регулативата 2018/644 за услуги за меѓународна достава на пакети во македонското законодавство. Мисијата ја спроведоа експертите Андреј Сарделиќ и Стјепан Палер од Хрватската Регулаторна Агенција за мрежни индустрии (ХАКОМ).

На мисијата учествуваа вработени од Агенцијата за пошти, како и релевантни претставници од Министерството за транспорт и врски и Секретаријатот за европски прашања.

Оваа TAIEX мисија, односно транспонирање на Регулативата 2018/644 во македонското законодавство произлегува од обврските кои се преземени од страна на државата во насока на пред пристапните преговори за влез во Европската унија.

Во рамките на петдневните сесии се разменија знаења и практики за имплементација на Регулативата 2018/644 која се однесува на униформирани и транспарентни цени на услугите за меѓународна достава на пакети со цел попристапни услуги за крајните корисници. Воедно, хрватските експерти пренесоа искуства и практични примери како Регулативата е имплементирана во ЕУ земјите членки и улогата и надлежностите на националните регулаторни тела.

„ Реализираната TAIEX експертската мисија ќе ни биде водилка во активностите кои ќе следат во насока на транспонирање и имплементација на ЕУ Регулативата 2018/644 за услуги за меѓународна достава на пакети во нашето законодавство. Оваа успешна мисија претставува долгорочна клучна инвестиција во еден значаен сегмент од нашето работење. Во комуникацијата и соработката со експертите во изминатите пет дена се стекнавме со сознанија коишто ќе ни бидат од голема корист во нашето натамошно работење. Може да резимираме и да бидеме горди дека завршивме уште една успешна мисија и на тој начин даваме значаен придонес како институција за европските интегративни процеси на нашата држава – истакна во своето завршно обраќање директорката на Агенција за пошти, г-ѓа Билјана Аврамоска Ѓореска.

Image
ap1
Image
ap2
Image
ap3