Агенцијата за пошти со свои претставници на 4-от Форум на чинителите во поштенскиот сектор на Европската Група за поштенски регулатори ( ЕРГП)

ЕРГП-2023

На 27 – ми септември, 2023 година во Брисел, Белгија се одржа 4-от форум на Европските регулатори, на кој присуствуваа и претставници од Агенцијата за пошти, Ана Ковачевска, раководителка на Директоратот за заштита на правата на корисници и односи со јавноста и Мартин Спасовски, соработник за решавање на спорови.-

Форумот преставува одлична можност за претставниците на Европската комисија, националните регулатори тела како и за засегнатите страни да ги разменат своите мислења и искуства за прашања кои се однесуваат на поштенскиот сектор.

Почетно обраќање на Форумот имаше претседавачот на ЕРГП за 2022-2023 година, г-дин Петрос Галидес- заменик комесар за комуникации и поштенска регулатива (OCECPR, Кипар).

Во првата сесија која беше модерирана од страна на Петрос Галидес се дискутираше за иднината на писмооносните пратки. Заклучоците од дискусијата ги вклучија „различните трендови и двигатели кои се манифестираат во различни сегменти од бизнисот со писма (кореспондентна, трансакциска пошта, државна пошта, маркетинг пошта, стоки) и различни нации. Воедно, беше заклучено дека сеуште е несоодветно да се воспостават универзални трендови. Сепак, разбирајќи и предвидувајќи ги трендовите на побарувачка за писма по пошта и тоа како може да се развие мешавина на волумен во зависност од пакетите е од суштинско значење за изработка на ефективни поштенски политики. Давателите на поштенски услуги мора да го постигнат вистинскиот баланс помеѓу ефикасноста, цената и квалитетот за да обезбедат најдобра можна иднина за нивните услуги во недостапни средини„.

Д-р Спирос Пантелис, потпретседател на ЕРГП и потпретседател на грчката комисија за телекомуникации и пошти (ЕЕТТ, Грција) ја модерираше сесијата на тема „Глобални перспективи – Како да се поврзе поштенскиот пазар на ЕУ со светот?“, на која се разгледуваше потенцијалот на пост-пандемично закрепнување во глобалните поштенски интеракции, меѓусебната поврзаност на обемот на глобалниот сообраќај и регулативата, како и клучната улога на поштенските услуги на ЕУ во постигнувањето на зелената транзиција на ЕУ.

На последната сесија беше одржана регулаторна тркалезна маса, во чии рамки се дискутираше по однос на прашањето дали ни е потребна специфична регулатива за поштенските услуги за управување со транзицијата на поштенскиот сектор. Модератор на оваа сесија беше Гијом Роти, заменик – раководител на единицата за инвестиции и јавни услуги во Генералниот директорат за внатрешен пазар.

Форумот ја разгледа и нацрт – програмата за работа на ERGP за 2024 година, која е ставена на јавна консултација (дискусија) до 6 октомври 2023 година. Нацрт – програмата за работа на ERGP за 2024 година беше претставена од Дан Сјоблом, генерален директор на Шведската пошта и телеком управа (PTS), која ќе претседава со ЕРГП во 2024 година,

Image
ЕРГП1-2023
Image
ЕРГП2-2023
Image
ЕРГП3-2023