Нова цена на стандардизирано писмо

Агенцијата за пошти ја одобри новата цена на Македонска пошта за поштенската услуга за стандардизирано писмо од прва тежинска стапка, во висина од 18,00 денари.

Новата цена на поштенската услуга, АД Македонска пошта Скопје ќе ја применува од 01.05.2015 година.

Агенцијата за пошти во постапка УП I бр.02-04/2015 одлучувајќи по барањето бр.0508-96/20;515/3;26 на АД Македонска пошта Скопје,  за промена на цени на поштенски услуги од опфатот на универзалната услуга, врз основа 50 став (3) и член 19 став (1) алинеја 6 од Законот за поштенските услуги, на ден 21.04.2015 година донесе Решение со кое на давателот на универзалната услуга АД за поштенски сообраќај МАКЕДОНСКА ПОШТА во државна сопственост - Скопје му СЕ ОДОБРУВА примена на цена во висина од 18,00 денари за обезбедување поштенска услуга за стандардизирано писмо со маса до 20 грама во внатрешниот поштенски сообраќај.

АД Македонска пошта Скопје на 23.04 2015 година јавно ја објави промената на цената на поштенската услуга  во дневните весници Вечер и Коха.