Донесена Годишна програма за генерички и специјализирани обуки за вработените во Агенцијата за пошти за 2024 година

Slika 07.12.2023

Агенцијата за пошти и во 2024 година останува посветена на процесот на одржување и развој на стручното усовршување и оспособување на своите вработени како алатка за успешно работење на институцијата.

Развојот и вложувањето во стручното усовршување на вработените е од круцијално значење за исполнување на функциите и надлежностите кои ги има Агенцијата за пошти.

Стручното усовршување на вработените во Агенцијата претставува процес на нивно прилагодување кон современите услови на работење и истото им овозможува на вработените стекнување на нови знаења и практични вештини, потребни за работа и за успешно справување со потребите на работното место, промените на пазарот на поштенските услуги и барањата и интересите на корисниците на поштенски услуги.

Имајќи во предвид дека со реалното утврдување на потребите за унапредување и развој на квалитетот и подигањето на нивото на знаење и вештини ќе придонесе и за ефективност и ефикасност во работењето, Агенцијата донесе Годишна програма за генерички и специјализирани обуки за вработените во Агенцијата за пошти за 2024 година. Имплементацијата на Годишната програма ќе претставува всушност и реализација на процесот на професионален развој на вработените во Агенцијата во 2024 година.

 

Годишна програма за генерички и специјализирани обуки за вработените во Агенција за пошти за 2024 година