Донесена Годишна програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2024 година
11.12.2023
![1](/sites/default/files/styles/slide850/public/2023-12/%D0%93%D0%9F%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%D0%B4%D0%B7%D0%BE%D1%80%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%B2%D0%B5%D0%B1.jpg?itok=8nh_sH_o)
Врз основа на член 73 став 3 од Законот за поштенските услуги (Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019, 150/2021 и 227/2022), директорката на Агенцијата за пошти донесе Годишна програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2024 година.
Надзорот кој може да биде редовен, вонреден и контролен, ќе се врши над спроведување на одредбите на Законот за поштенските услуги, прописите и другите општи акти донесени врз основа на него, а особено врз:
- пристапот до универзалната услуга;
- квалитетот на обезбедување на универзалната услуга;
- обезбедување пристап до поштенската мрежа;
- примена на цените на универзалната услуга;
- имплементација на сите акти донесени од страна на Агенцијата, и
- над други работи утврдени со овој закон и над прописите и другите општи акти донесени врз основа на него.
Годишна програма за вршење на надзор на Агенција за пошти за 2024 година