Спроведен вонреден надзор над правен субјект кој обезбедува поштенски услуги без Општо овластување од Агенцијата за пошти
21.12.2023
Согласно член 73 став 2 од Законот за поштенските услуги, Агенцијата за пошти спроведе вонреден надзор врз основа на сомневања на овластените лица (по службена должност) - со предмет: спроведување на член 38 став 1 и член 42 став 2 од Законот за поштенските услуги врз правниот субјект СТР ПОСТ ДООЕЛ Скопје поради обезбедување на поштенски услуги без Општо овластување спротивно на членот 38 став (1) од овој закон.
За спроведениот вонреден надзор, составен е Записник за извршен надзор со УПI бр.02-149 од 19.12.2023 година и издадени се два прекршочни платни налози – еден за правното лице и еден за одговорното лице во правно лице.