Соопштенија

Донесена Годишна Програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година

20.12.2022
Врз основа на член 73 став 3 од Законот за поштенските услуги ( Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019, 150/2021 и 227/2022), директорката на Агенцијата за пошти донесe Годишна Програма за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година. Надзорот ќе се врши  над спроведување на одредбите на Законот за поштенските услуги, прописите и другите општи акти донесени врз основа на него, а особено врз:

19-ти Јавен состанок на Агенцијата за пошти

19.12.2022
Почитувани, Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 19-иот Јавен состанок, кој ќе се одржи на 22.12.2022 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во конференциската сала на Хотел „Солун“ во Скопје. Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни состаноци ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината. Оваа прилика ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со тековните активности , плановите и програмите за делување во идниот период.

Одржан 23ти пленарен состанок на Европска група на поштенски регулатори (ЕРГП)

30.11.2022
На 24-ти и 25 -ти ноември 2022 година во Барцелона, Шпанија, Европската група на поштенски регулатори (ЕРГП) го одржа својот втор Пленарен состанок во 2022 година, под претседателство на г-дин Петрос Галидес, заменик претседател на Комисијата за комуникации на Кипар (OCECPR), подржан од потпретседателот д-р Спирос Пантелис, потпретседател на грчката Комисија за телекомуникации и пошти (ЕЕТТ), на кој учествуваа директорката на Агенција за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителката на Директоратот за следење и анализа на пазарот. Данијела Спасиќ Томовска.

СИТИ ПОШТА ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

18.11.2022
Агенцијата за пошти на ден 16.11.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за поштенски и курирски услуги СИТИ ПОШТА ДООЕЛ Скопје. Агенцијата за пошти   согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги констатира престанок на обезбедување поштенски услуги на давателот на поштенски услуги  СИТИ ПОШТА ДООЕЛ Скопје,  со што СИТИ ПОШТА ДООЕЛ Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

Учество на преставници на Агенцијата за пошти на 2-та сесија на Советот на Администрација при Светскиот Поштенски Сојуз

01.11.2022
Во период од 23 до 28 октомври 2022 година во Берн, Швајцарија се одржа 2-та сесија на Советот на Администрација (СА) при Светскиот Поштенски Сојуз за 2022 година, на која присуствуваа директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителот на Директоратот за финансии, сметководство и економски прашања од поштенската област, Горан Игнатовски.

Враќање на монополот на поштенските услуги

31.10.2022
Агенцијата за пошти, регулаторно тело во поштенскиот сектор, со јавни овластувања согласно Законот за поштенските услуги, Ве информира дека Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 20 октомври 2022 година го донесе Законот за изменување на Законот за поштенските услуги (објавен во “Службен весник на Република Северна Македонија бр.227/2022)“, со кој давателот на универзалната услуга од денот на влегувањето во сила на овој закон (26 октомври 2022 година) има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември 2023 година.Со оваа измена,  повторно се враќа  ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама, кој е воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга -  А.Д. Пошта на Северна Македонија – во државна сопственост - Скопје, која за истата услуга има регулирана цена од 25 денари по писмо, одобрена од регулаторот.