Соопштенија

Јавна седница 11на Агенцијата за пошти

16.12.2016
Јавна седница 11на Агенцијата за пошти
Единаесеттата јавна седница на Агенцијата за пошти се одржa на 26.12.2016 година во хотел Holiday Inn, во Дневната сала. Сите заинтересирани страни се информираа и запознаа со превземените активности на Агенцијата за пошти во годината што изминува.

Резултати од меѓународниот конкурс за пишување писмо

25.10.2016
Резултати од меѓународниот конкурс за пишување писмо

Светскиот поштенски сојуз ги објави резултатите од овогодишниот меѓународен конкурс за пишување писмо. Победник е 15-годишната Nguyen Thi Thu Trang од Виетнам, чие писмо ги победи останатите 980.000 учесници.

Како добитник на златен медал, истиот и беше доделен на Транг во Истанбул, Турција, за време на завршната церемонија на 26-иот Светски поштенски конгрес на 7 октомври.

Директорот на Светскиот поштенски сојуз, Бишар А. Хусеин изјави дека е пресреќен што децата сè уште ја ценат моќта на пишаниот збор во дигиталното општество. 

Меѓународен конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз

06.05.2016
Меѓународен конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз
Агенцијата за пошти, изразува големо задоволство и благодарност до сите учесници кои испратија писма на Меѓународниот конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз на тема „Напиши писмо до самиот себе на 45-годишна возраст“. Жири комисијата го избра најдоброто писмо кое ќе ја претставува Република Македонија на овој традиционален меѓународен конкурс. Покрај првонаграденото писмо, Агенцијата одлучи да пофали уште 5 писма.

Јавниот увид во поштенските адреси е упад во приватноста

01.04.2016
Јавниот увид во поштенските адреси е упад во приватноста
Јавниот увид во поштенските адреси на граѓаните запишани во Избирачкиот список што беше возможен преку веб страната на Државната изборна комисија (ДИК) е упад во приватноста и нарушување на неприкосновеното граѓанско право гарантирано со Уставот, рече денеска директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски.

Меѓународен конкурс за пишување писмо 2016

16.03.2016
Меѓународен конкурс за пишување писмо 2016
Агенцијата за пошти на Република Македонија и оваа пролет продолжува со благородната кампања за негување на традицијата за пишување писма и за поттикнување на писмовната комуникација и на јазичната префинетост кај младите. Конкурсот за пишување писмо е отворен за млади луѓе од 9 до 15- годишна возраст и ќе трае од 15-ти март до 15-ти април 2016 година. Текстовите треба се напишани со своерачен ракопис и во форма на писмо да се испратат на адресата: Агенција за пошти, П. Фах 160, 1000 Скопје. Писмата не треба да содржат повеќе од 800 зборови.

Новогодишно изненадување

29.12.2015
Новогодишно изненадување

Агенцијата за пошти и Театарот за деца и младинци на децата од Детскиот дом „11-Октомври“ им приредија забава по повод Новогодишните и Божиќни празници.  Во театарот беше одиграна претставата „Лакомата меца“ во изведба на актерите Ана Левајковиќ Бошков, Катарина Илиевска-Силјановска и Владимир Лазовски.  По завршувањето на едукативната претставата децата беа изненадени од Дедо Мраз кој ги израдува и им подели новогодишни пакетчиња.

Десеттата јавна седница на Агенцијата за пошти

22.12.2015
Десеттата јавна седница на Агенцијата за пошти

Десеттата јавна седница на Агенцијата за пошти се одржa на 23.12.2015 година (среда) во хотел Holiday Inn, во Дневната сала.

По принципот на своето транспарентно работење, оваа седница им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзините превземени активности и идни планови.

Информација за поштенски даватели

16.12.2015
Агенцијата за пошти ги информира граѓаните, правните лица и институциите во Република Македонија, корисници на поштенски услуги,  дека поштенски услуги  на целата територијата на Република Македонија или на нејзин одреден дел, може да вршат само оние правни лица кои имаат статус на даватели на поштенски услуги врз основа на Индивидуална дозвола или на Општо овластување, издадени од страна на Агенцијата за пошти. Лиценците за внатрешниот поштенски сообраќај може да важат или за цела територија на Република Македонија или локално, за ограничено географско подрачје.