Во чест на филателијата
Неколку пошти низ светот ја одбележуваат 140-тата годишнина на Светскиот поштенски сојуз преку издавање на различни филателистички предмети. Во Швајцарија, националната пошта издаде нова поштенска разгледница на датата на годишнината на Светскиот поштенски сојуз, 9 октомври, која ќе се продава во шест поштенски единици низ земјата, вклучувајќи го и Берн и просториите на Светскиот поштенски сојуз.








