Сретен Миладиноски, доктор на економски науки е избран за директор на Агенцијата за пошти, на јавниот оглас кој во месец декември 2023 година го спроведе Комисијата на Агенцијата за пошти.
Врз основа на член 15 ст. 1, член 16 ст. 1 алинеја 10 и член 19 ст. 3 од Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/10, 27/14, 42/14, 187/14, 146/15, 31/16, 190/16, 64/18, 248/2018, бр.27/2019 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/2019...
Агенцијата за пошти, независно регулаторно тело во областа на поштенските услуги информира дека Собранието на Република Северна Македонија на седницата одржана на 27 декември 2023 година го донесе Законот за изменување на Законот за поштенските услуги (објавен во “Службен весник на Република Северна Македонија бр.284/2023)“, со кој давателот на универзалната услуга од денот на влегувањето во сила на овој закон (28 декември 2023 година) му се продолжува ексклузивното право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември 2024 година.Со оваа измена, останува во сила ценовниот монопол за услугите за писма до 50 грама, кој е воспоставен со закон во корист на давателот на универзалната услуга - АД „Пошта на Северна Македонија“ – во државна сопственост - Скопје, која за истата услуга има регулирана цена од 36,оо денари по писмо, одобрена од регулаторот.
Основен предмет и цел на истражувањето беше проценка на потребите на корисниците на поштенските услуги. Истражувањето даде одговор и проценка колку обезбедувањето на поштенски услуги од страна на давателите на поштенски услуги ги задоволува потребите на корисниците. За ова истражување беа дизајнирани два примерока според целната група, и тоа:
Врз основа на член 73 став 3 од Законот за поштенските услуги (Службен весник на Република Македонија,, бр. 158/2010,27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016,64/2018, 248/2018, 27/2019 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019, 150/2021 и 227/2022), директорката на Агенцијата за пошти донесе Годишен извештај за вршење на надзор на Агенцијата за пошти за 2023 година.
Активностите на Агенцијата за пошти беа проверени согласно барањата на стандардот МКС EN ISO 9001:2015 и со тоа се потврди дека институцијата ги исполнува барањата на соодветниот стандард и очекуваните резултати во врска со исполнувањето на барањата на клиентите и релевантни закони и прописи со цел да се зголеми задоволството на клиентите, процесите на интерната проверка и преиспитувањето на раководството.
Анализата на капацитетите на новите даватели на поштенски услуги 2021 – 2023 година има задача да „ги пронајде„ потенцијалите за дополнителен раст во поштенскиот сектор и компетитивните предности на новите 8 даватели на поштенски услуги кои добија Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги од Агенцијата во последните 3 години.
„Употреба на ИТ технологија во македонскиот поштенски сектор” е насловот на новата брошура во издание на Агенцијата за пошти.
Во брошурата на лесен и разбирлив начин се презентираат и анализираат податоците кои што се однесуваат на употребата на ИТ-технологија од страна на македонските даватели на поштенски услуги, кои имаат добиено Општо овластување од Агенцијата за пошти.
Анализата на пазарот на поштенки услуги во Република Северна Македонија за 1-во полугодие на 2023 година содржи податоци за обемот и видот на пратките, подрачјето на кое се обезбедуваат поштенските услуги, бројот на вработени лица кај давателите на поштенски услуги, финансиските средства остварени од услугите, бројот на рекламации за дадениот период, капацитетот на јавната поштенска мрежа и др.