Прва годишна конференција за е-трговија во Македонија
На 26-ти октомври 2018 година во салата на Хотелот Мериот во Скопје се одржа Првата конференција за е-трговија во организација на Асоцијата на е-трговија на Македонија.Темата на овогодинешната конференција гласеше „е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија”.
На конференцијата се обрати претседателката на Асоцијата за е-трговија Нина Анѓеловска која што истакна дека Македонците во првото полугодие од оваа година, според податоците од НБРМ, потрошиле 63 милиони евра за купување онлајн, што претставува пораст од 20% во однос на првото полугодие од минатата година. Најголем дел од овие трансакции завршиле кај странските е-трговци, или скоро 41 милиони евра наспроти 22 милиони евра остварени кон домашните е-трговци.
На настанот свое излагање имаа над триесетина говорници, модератори и панелисти од 8 земји, коишто дискутираа за тековните состојби, предизвици и идните трендови на полето на електронската трговија. Свое учество имаше и директорот на Агенцијата за пошти, Влатко Атанасоски.
Во продолжение проследете ги прашањата на присутните и одговорите на првиот регулатор на поштенските услуги во Македонија.