Работни средби во рамките на твининг проектот „Јакнење на капацитетите на Агенцијата за пошти“
Во рамките на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, а особено во усогласување на регулативата и на практиките во поштенскиот сектор, во 2018 година е започнат и се одвива Твининг проектот "Јакнење на Капацитетите на Агенцијата за пошти", помеѓу Кралството Шпанија и Агенцијата за пошти.
Како дел од проектот, на 28 и 29 Јануари 2020 година беа одржани работни средби со членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието на Република Северна Македонија, Државниот секретар Зоран Маневски и претставници од Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија, Генералниот Директор Ејуп Рустеми и членови на Управниот одбор и стручните служби на компанијата како и со Претседателот на Комисијата на Агенција за пошти, Борче Груевски и членовите на Комисијата.
Во име на Кралството на Шпанија на работните средби присуствуваат Амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, H.E.Емилио Лоренцо Сера, Заменик Генералниот Директор за поштенски режими на Министерството за транспорт, мобилност и урбани работи и шеф на проектот, Рафаел Креспо, претседателот на Европскиот комитет на поштенски регулатори, Херман Васкез како и делегираниот советник на твининг проектот Ева Пикос Перез .
Агенцијата за пошти беше претставена од страна на директорката Билјана Аврамоска Ѓореска и Мирјана Јанковиќ, раководител на Директоратот за координација на работата на директорот и на Комисијата, воедно и преокт лидер на земјата корисни.
На работните средби се разговараше за целите и напредокот на Твининг проектот, клучните аспекти за законодавната усогласеност во поштенските работи, особено за либерализација на поштенскиот пазар, укинување на резервираната област како и за процесот за утврдување на јавните цени според критериумите за достапност и ориентација на трошоците.
На средбите се истакна дека взаемната соработка и размената на информации на сите институции кои во делокругот на своето работење ја имаат поштенската област, поткрепени со придобивките од проектот ќе овозможат заедно да се реализираат предвидените цели.
Резултатите од Твининг проектот веќе имаат и своја имплементација во тековното работење на Агенцијата, што говори за досегашната посветеност и ангажираност на Агенцијата за пошти, потврдувајќи дека проектот е од огромна значење за јакнење на капацитетите на Агенцијата.
Либерализација на поштенскиот пазар, воведување на посебното сметководство и алокација на трошоците од страна на националниот оператор како и вложување во поштенскиот сектор се клучните пораки кои се упатија и подржаа од страна на сите учесници на работните средби.