Нови цени на Пошта на Северна Македонија

 

Нови цени на  Пошта на Северна Македонија

Се известуваат сите корисници на поштенски услуги дека со Решение бр. УПI бр.02-03 од 14.02.2020 година, Агенцијата за пошти го одобри барањето на АД за поштенски сообраќај “Пошта на Северна Македонија“  во државна сопственост - Скопје, за промена на цени за обезбедување на поштенски услуги од опфатот на универзалната услуга во внатрешниот поштенски сообраќај.

  • Цената за “Стандардизирано писмо“ до 50 грама изнесува 25,00 денари
  • Цената за “Нестандардизирано писмо“ до 50 грама изнесува 25,00 денари.

Новите цени за двете поштенски услуги, АД Пошта на Северна Македонија Скопје ќе ги применува од 01.03.2020 година.

                                                                                                                                                Агенција за пошти