Обемите на поштенските пратки се намалуваат на глобално ниво додека светот се бори со пандемијата на COVID-19
Обемите на поштенските пратки се намалуваат на глобално ниво додека светот се бори со пандемијата на COVID-19
25.03.2020 година – Според новите податоци објавени од страна на Светскиот поштенски сојуз (СПС), специјализираната Агенција на ОН за поштенски прашања, мерките преземени за спречување на ширењето на COVID-19 доведоа до распространето нарушување на меѓународните поштенски услуги.
Светкиот поштенски сојуз кој во реално време ја следи меѓународната поштенска размена забележа пад на тонажа од 10 проценти и пад од 15 проценти на бројот на поштенски пратки од претходната година во периодот од 23 јануари до 23 март 2020 година. Периодот го зема во предвид првиот бран мерки преземени од страна на владите против COVID-19, започнувајќи со затворањето на аеродромот во Вухан на 23 јануари.
Намалувањето на обемот изнесува најмалку 10.000 тони. Поштенските пратки со тежина помалку од 2 кг. бележат најзначаен пад, со намалување од тонажа од 13 проценти и намалување од 16 проценти на испратени пратки.
Иако многу земји сметаат дека Поштите се неопходна услуга и им е овозможено да продолжат да работат и покрај воведувањето на мерки на карантин, СПС доби известувања од скоро 100 земји членки во врска со пандемијата.
Пораките сигнализираа нарушувања на услугита поврзани со преземените мерки за запирање на ширењето на COVID-19, како што се откажувања од летови и социјално растојание. Ова го продолжи времето на достава во некои поштенски коридори, а целосно ги затвори другите.
„Во моментов е нејасно какво влијание ќе има вториот бран на мерки преземени во текот на февруари и март 2020 година, додека поштенските оператори да се прилагодат на овие нови околности“, изјави директорот за комуникации на СПС, Дејвид Даџ.
Светскиот поштенски Сојуз е специјализирана Агенција на ОН со седиште во главниот град на Швајцарија, Берн. Основана е во 1874 година и е една од најстарите меѓународни организации во светот и е примарен форум за соработка помеѓу учениците во поштенскиот сектор.
Во продолжение, Извештајот „Влијанието на COVID-19 врз поштенскиот сектор“.
Влијанието на COVID-19 врз поштенскиот сектор
- Како тековната пандемија на COVID-19 влијае на поштенскиот сектор?
Тековната криза со COVID-19 влијае на светската економија, а поштенскиот сектор не е исклучок во овој поглед. Но, кризата покажува упте еднаш колку се неопходни поштенските услуги за основното функционирање на националните економии.
Во обид да се запре пандемијата, многу земји низ целиот свет спроведуаат два вида мерки: санитарни и економски.
Во врска со санитарните мерки,владите спроведоа мерки на социјано растојание, ограничување за патувања, затворање на несуштински деловни активности, па дури и исклучување на целата економија, со цел да ги намалат инфекциите и да се избегне оптоварување на националните здравствени системи. Овие мерки го ограничуваат патувањето, влијаат врз глобалната логистика и ја ограничуваат работната сила. На пример, бројките од Соединетите Држави обезбедени од „Статиста“ покажуваат дека 18% од деловните субјекти прогласиле недостиг од работна сила во врска со болести, а на 30% од вработените биле замолени да работат од дома.
На економски план, преземени се исклучителни и далекосежни мерки, како што се кредитни линии со нулта камата, даночни олеснувања и субвенции, сите во насока на ублажување на негативното влијание од намалувањето на економската активност. Ваквите мерки им се очајно потребни на оние земји што се борат против епидемијата. На пример, БДП на Италија се очекува да се намали за 3% во првиот квартал на 2020 година и за 5% во вториот квартал на 2020 година.
Во овој нов контекст, поштенскиот сектор е на крстопат, бидејќи има пречки за обезбедување на своите традиционални услуги.
Санитарните мерки преземени од владите вршат притисок врз обезбедувањето на поштенски услуги бидејќи услугите и за работа и за транспорт се ограничени.
Истовремено, во земји во кои има важни економски прекини, поштенските услуги се сметаат за витални и продолжуваат да функционираат за разлика од повеќето бизниси. На пример, во Италија и Франција, каде јавните власти воведоа целосен прекин, поштенските услуги продолжуваат да работат.
Со ова, побарувачката за испораки дома се зголеми, бидејќи клиентите кои остануваат дома ги користат интернет продавниците за повеќето од нивните набавки. Заклучно со 8 март 2020 година, според„Статиста“, продажбите преку Интернет се зголемени за 90% во Италија во однос на минатата година. Во Јужна Кореја, 64% од испитаниците на анкетата (од „Статиста“) изјавиле дека користат повеќе интернет шопинг отколку порано, а дури 92% избегнуваат излегување надвор.
Сепак, иако домашните испораки се зголемуваат, меѓународните текови се нарушени со затворањето на аеродромите, иако има слободен транзит на стоките до повеќето дестинации. Навистина, заради прекугранични ограничувања за патувања, неколку поштенски оператори се повикуваат на случај на виша сила за да се оправдаат одложувањата или недостапност на испраќања, како што е прикажано, на пример, во известувањето на националниот оператор на Соединетите Американски Држави (USPS).
Извадок од USPS: Швајцарската Пошта известува дека во моментов не е во состојба да испраќа пошта до која било држава надвор од Европската унија, со исклучок на следниве дестинации: Бразил, Канада, Нов Зеланд, Норвешка, Руска Федерација, Велика Британија и САД, заради откажувањето на повеќето меѓународни летови, како резултат на мерките за спречување на ширење на коронавирусот (COVID-19). На корисниците им се укажува да очекуваат одложување на достава на поштенски пратки наменети за земјите наведени погоре. Од таа причина, Швајцарската Пошта прогласи ситуација на виша сила и престана да врши прием на поштенски пратки наменети за други земји, освен оние наведени погоре, се додека транспортните капацитети се со намален обем. Швајцарската Пошта, исто така, привремено ги суспендира сите транзитни услуги преку Швајцарија за писма и пакети.
- Кое е генераното влијание на пандемијата врз меѓународната пошта?
Како Агенцијата на ОН надлежна за координација на прекуграничната поштенска активност, СПС ја следи меѓународната пошта во реално време.
Бидејќи се спроведуваат првите одлуки донесени од владите, меѓународните текови имаат тенденција на опаѓање. На пример, помеѓу 23 јануари 2020 година (датум на затворање на аеродромот во Вухан) и 23 март 2020 година, меѓународната тонажа на пошта се намали за 10% во однос на претходната година, со 15% помалку пратки низ целиот свет. Вкупната загуба на обем изнесува најмалку 10.000 тони. Загубата е особено концентрирана кај пратките со тежина помала од 2 кг (-13% тонажа, -16% кај препорачани пратки).
Останува неизвесен ефектот од вториот бран на мерки, во февруари и март 2020 година. Операторите се прилагодуваат на овие нови околности, а падот забележан во фебруари и март не мора да значи дека е резултат на идните интервенции.
Главниот предизвик е тоа што времето на достава е продолжено и некои поштенски коридори во моментот не се отворени за испрајќања од приватни корисници.
- Што овие настани може да значат за меѓународната економска активност?
Да се направи предвидување во овој момент е предизвик, но меѓународната пошта е во опасност.
На краток рок, со оглед на тоа што воздушниот сообраќај е прекинат, корисниците можат да се воздржат од нарачка на стока од странство и наместо тоа, да се потпираат на домашни испораки.
Доколку се продолжат роковите за меѓународна достава, можните трошоци за нарачка од странство би се зголемиле, што резултира со замена помеѓу домашно нарачана стока и стока нарачана од странство.
Поштенските услуги се сметаат за суштински за да ги надополнат мерките на затворање преземени од владите ширум светот, но оперативните трошоци се очекува да се зголемат во отсуство на координирана интервенција за да се обезбеди целосен континуитет на меѓународните операции. Во меѓувреме, многу оператори ќе треба да ги прилагодат деловните процеси и пратки на новата ситуација.