Интегриран индекс за поштенски развој (2IPD) во 2021 година на Светскиот Поштенски Сојуз
Светскиот Поштенски Сојуз (UPU) изработи Интегриран индекс за поштенски развој (2IPD) кој преставува композитен индекс со кој се обезбедува преглед на развојот на поштенските услуги во 2021 година, со опфат на 168 земји ширум светот. Во изработката на овој индекс користени се податоци на Светскиот Поштенски Сојуз, вклучувајќи илјадници записи од 2013 година, податоци кои се дел од официјалната статистика на Сојузот (повеќе од 100 индикатори), како и клучни истражувања.
Вредно е да се потенцира дека 2IPD го прави најсеопфатно мерење на поштенските услуги на глобално ниво. Откако беше објавен за прв пат во 2017 година, 2IPD многу брзо стана водечки индекс на Светскиот Поштенски сојуз, кој имаше и значителен инпут врз добро познати и влијателни индекси произведени од угледни меѓувладини организации, вклучително и B2C E-Commerce Index на UNCTAD.
2IPD нуди benchmark за резултат за изведба (од 0 до 100) заедно со четири димензии на развојот на поштенскиот сектор: доверливост, досег, релевантност и флексибилност. Меѓудругото, индексот покажува како да се поттикне развојот на поштенските услуги и како да се зголеми ефикасноста на поштенската инфраструктура, што го прави 2IPD единствена алатка за креаторите на политики, регулаторите, поштенските оператори и другите засегнати страни во секторот, кои сакаат да ја разберат улогата што поштенските услуги можат да ја играат во ерата на е-трговија.
Извештај за поштенскиот развој за 2021 година
Во најновото издание на Извештајот за поштенски развој претставена е состојбата на развој на поштенскиот сектор во светот во 2021 година, врз основа на 2IPD, кој моментално рангира 168 земји во четири димензии: доверливост, досег, релевантност и флексибилност.
На врвот на рангирањето се Швајцарија, Германија и Австрија, а потоа следат Јапонија и Франција. Сепак, зголемените осцилации во рамките на рангирањето покажуваат дека многу поштенски оператори ширум светот сè уште се прилагодуваат на новата „нормалност“ што ја донесе пандемијата.
Како дел од годишниот тематски фокус, во Извештајот за поштенски развој за 2021 година се користат податоците кои се однесуваат на доверливост на 2IPD (со доверливоста се мери времето на достава на поштенските пратки), за да се измерат оперативните нарушувања предизвикани од пандемијата COVID-19.
Главна поента е дека логистичките проблеми (доцнење, застој при достава) кои беа присутни во 2020 година сериозно влијаеја на доверливоста на поштенските операции, при што просечното време на домашна достава се зголеми за 13% во 2020 година споредбено со 2019 година, пред да се вратат на нивоата пред кризата во 2021 година.
Целата информација интегрално на следниот линк: