Континуиран раст на обемот на пакети

Slika-Paketi

На пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија во 2022 година забележан е континуитет во растот на обемот на пакетите. Обемот на пакети е 5.766.070, кои сочинуваат 16% од вкупниот обем на поштенски пазар, најмногу до сега.

            Сѐ поголемата побарувачка за онлајн услугите и развојот на е-трговија се рефлектира кај поштенската услуга -  пакети, која континуирано има раст кај давателите напоштенски услуги на слободниот пазар.Воедно, развојот на платформите кои нудат услуги на пазарот во форма на онлајн нарачки го зголемува учеството на давателите на поштенски услуги на пазарот, особено во делот на пакетите.

Во иднина се очекува и натамошен раст на побарувачката на овие поштенски услуги.

Даватели на поштенски услуги: Обемот на пакети кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар, во 2022 година бележи 22,6% зголемување во однос на 2021 година.

Обезбедување на услугата пакети - даватели на поштенски услуги на слободен поштенски пазар 2016/2022 година

tabe

Движење на обем на пакети  кај давателите на поштенски услуги на слободен пазар (2016/2022 година)

Tabel

Од вкупниот обем на поштенски пратки кај давателите на поштенски услуги на слободниот  пазар кој изнесува 7.570.378, 76% е остварен од  поштенската услуга - пакети, пришто е забележано зголемување од 10 % споредбено со 2021 година.

 

Tabela

Давател на универзална услуга - Во 2022 година се забележува зголемување на обемот на пакетите кај давателот на универзалната услуга АД „Пошта на Северна Македонија“ во однос на 2021 година и тоа за 7%. Со оглед дека АД „Пошта на Северна Македонија“ имаше опаѓање на овие услуги наназад во годините, ова зголемување значи дека давателот на универзалната услуга е сѐ повеќе насочен кон новите услуги за кои е зголемена побарувачката на пазарот.

Обезбедување на услугата пакети - даватели на поштенски услуги на слободен поштенски пазар 2016/2022 година

 

Tabela 1

 

Од вкупниот обем на поштенски пратки на давателот на универзалната услуга,0.49% е остварен од поштенската услуга - пакети.