Намалување на обемот на пратки за коресподенција на пазарот на поштенски услуги во 2022 година – индикатори и анализа

Namalen obem na pratki4

На пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија во 2022 година продолжува трендот на намалување на обемот на пратките за коресподенција. Во 2022 година, вкупниот обем на пратките за коресподенција на пазарот на поштенските услуги во Република Северна Македонија изнесува 27.188.367 и споредбено со 2021 година е намален за 7.9 %.

Обемот на пратките за коресподенција опфаќа 75.8 % од вкупниот обем на поштенски пазар во 2022 година.

Намалувањето на бројот на пратките за коресподенција се должи пред се на дигитализацијата и технолошкиот развој. Развојот на е-commerce услугите ги трансформира потребите на корисниците и бизнис секторот, што доведе до создавање на нови производи и услуги. Имено, пратките за кореспонденција сѐ повеќе се заменуваат со електронски средства за комуникација, што резултираше голем дел од традиционални испраќачи на масовна пошта (деловни субјекти, институции), сè повеќе да ги прифаќаат електронските процеси и доставата да ја вршат на електронски начин.

 

Остварен обем на пратки за кореспонденција во Република Северна Македонија во 2022 година

Namalen obemot na pratki

 

Движење на обемoт на пратки за кореспонденција на пазарот на поштенски услуги во Република Северна Македонија

Namalen obemot na pratki1

Давател на универзална услуга - Во 2022 година АД„Пошта на Северна Македонија“ бележи вкупно остварен обем од 25.384.421 пратки за коресподенција кои преставуваат 89,8 % од вкупно остварениот обем на поштенски пратки (28.256.214) кој давателот на универзална услуга. го оствари во 2022 година. Од услугите за обезбедување на пратките за кореспонденција најголем процент односно 78% се однесуваат на обичните писма.

 

Обем на пратки за кореспонденција кај АД „Пошта на Северна Македонија“ за период 2017-2022 година

Namalen obemot na pratki2

 

Бројките покажуваат дека давателот на универзалната услуга бележи намалување на обемот на услугите за пратките за коресподенција во 2022 година споредбено со 2021 година за 7.7 %. Причините за намалувањето на обемот на пратките за коресподенција се поврзани со забрзаната електронската замена на традиционалните поштенски услуги, прифаќањето на електронските процеси во повеќе области, промената на потребите на начинот на користење на овој вид на поштенски пратки како резултат на пандемијата, воведување на електронско плаќање на сметки за електрична енергија и други комунални услуги, и слично.

Даватели на поштенски услуги на слободниот пазар – Во 2022 година давателите на поштенски услуги на слободниот пазар бележат вкупно остварен обем од 1.803.946 пратки за коресподенција кои преставуваат 23,8 % од вкупно остварениот обем на поштенски пратки (7.570.378).

 

Обем на пратки за кореспонденција кај давателите на поштенски услуги на слободниот поштенски пазар за период 2017-2022 година

Namalen obemot na pratki3

 

 

Во 2022 година се бележи знамалување на пратките за кореспонденција кај давателите на слободниот пазар. Намалувањето од 10.7% на пратките за кореспонденција кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар, споредбено со 2021 година се должи пред се поради нивниот зголемен ангажман и интерес за обезбедување на поштенската услуга – пакети.