ТЕЛКО ИНВЕСТМЕНТ ГРУП ДООЕЛ Прилеп не е повеќе давател на поштенски услуги
ТЕЛКО ИНВЕСТМЕНТ ГРУП ДООЕЛ Прилеп не е повеќе давател на поштенски услуги.
Агенцијата за пошти на ден 21.08.2024 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги ТЕЛКО ИНВЕСТМЕНТ ГРУП ДООЕЛ Прилеп.
Со Решение од 07.08.2024 година, Агенцијата за пошти констатира престанок на важност на Општото овластување на давателот на поштенските услуги ТЕЛКО ИНВЕСТМЕНТ ГРУП ДООЕЛ Прилеп, по сила на закон, затоа што давателот не започна да ги обезбедува поштенските услуги во рок од една година од издавање на Општото овластување, согласно член 46 став 1 и став 2 и член 26 став 3 од Законот за поштенските услуги, со што ТЕЛКО ИНВЕСТМЕНТ ГРУП ДООЕЛ Прилеп го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.
За ТЕЛКО ИНВЕСТМЕНТ ГРУП ДООЕЛ Прилеп на 17.03.2023 година беше издадено Општо овластување за обезбедување поштенски услуги во внатрешен поштенски сообраќај за целата територија на Република Северна Македонија од страна на Агенцијата за пошти под број УП I бр. 02-83.