Комисијата како орган на Агенцијата се состои од 5 (пет) члена кои ги именува и разрешува Собранието на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија.
Комисијата од редот на своите членови избира и разрешува претседател и заменик на претседателот на Комисијата на начин и по постапка утврени во Деловникот за работа на Комисијата.
Членовите на Комисијата се именуваат со мандат од 5 (пет) години. Членовите на Комисијата не можат да бидат именувани повеќе од 2 (два) последователни мандати.
Комисијата е надлежна да :
- Донесува стапут по претходна добиена согласност од Собранието на Република Северна Македонија,
- Донесува подзаконски и други акти за спроведување на Законот за поштенски услуги,
- Донесува општи акти за работењето на Агенцијата, утврдени во Статутот на Агенцијата, а по предлог на директорот на Агенцијата,
- Донесува Деловник за својата работа во согласност со Законот за поштенски услуги и Статутот на Агенцијата,
- Донесува одлука за вредноста на поенот,
- Донесува акт за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на основната плата на вработените во Агенцијата, кој е составен дел на финансискиот план на Агенцијата,
- Го одобрува Годишниот Извештај за работа за претходната година на Агенцијата и годишната сметка,
- Ја усвојува Годишната програма за работа за наредната година на Агенцијата,
- Го именува и разрешува директорот на Агенцијата во согласност со Законот за поштенски услуги и по постапка утврдена во Статутот на Агенцијата,
- Го следи спроведувањето на Годишната програма за работа на Агенцијата преку квартални извештаи доставени од директорот,
- Соработува со други државни органи и институции, органи на единиците на локалната самоуправа и со невладини организации и здруженија на граѓани,
Дава мислења, препораки и предлози до Собранието на Република Северна Македонија и други државни органи и институции од областа на поштенскиот сообраќај, и
- Врши и други работи утврдени со овој закон и Статутот на Агенцијата
Членови на Комисијата:
- Борче Груевски, Претседател
- Суад Бајрами, Заменик претседател
- Владимир Кироски - Член
- Андреј Јосифовски - Член
- Ѓорги Михаилов – Член