Доделени признанија во насока на афирмација на поштенскиот сектор

Признанија

Агенцијата за пошти и во 2023 година продолжи со афирмација на работата на давателите на поштенски услуги со доделување на признанија и благодарници, со цел доближување на поштенската работа на пошироката јавност преку презентирање на добрите практики и примери на успешно работење.

На 20-от јавен состанок на Агенцијата за пошти беа доделени признанија на:

ЕКО ЛОГИСТИК СЕРВИС ДООЕЛ Скопје – давател на поштенски услуги (со Општо овластување за обезбедување на поштенски услуги издадено во 2018 година, со проширување на портфолиото на услуги и мрежа во 2019 година) за најголем остварен обем на пакети од сите даватели на поштенскиот пазар, и најголем остварен обем на поштенските услуги (пратки за коресподенција и пакети) од сите приватни даватели на поштенски услуги на слободниот пазар;

АД „Пошта на Северна Македонија“– како давател на универзалната услуга (со индивидуална дозвола издадена во 2008 година и продолжена во 2014 година со неограничено времетраење) за обезбедување на универзалната услуга на целата територија на Република Северна Македонија, постојано по пристапни цени за сите корисници. АД „Пошта на Северна Македонија“ во 2022 година оствари вкупен обем од 28,256,214 поштенски пратки, односно во рамки на универзалната услуга остварени се 27,874,656 пратки односно 98,7 % од вкупно остварениот обем. Вкупиот број на вработени изнесува 1.998, што значи дека АД „Пошта на Северна Македонија“ е најголемиот работодавач на поштенскиот пазар со 64 % од вкупниот број на вработени лица во поштенскиот пазар.