Намален бројот на поднесени рекламации во 2022 година

Рекламации

Податоците од Статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија во 2022 година[1], во однос на рекламационите постапки покажуваат дека бројот на поднесени рекламации во 2022 година е намален за 26, 8 %, споредбено со поднесените рекламации во 2021 година.

Во 2022 година кај давателите на поштенски услуги поднесени се вкупно 1383 рекламации, споредбено со 2021 година кога бројот на поднесени рекламации изнесувал 1890.  

Податоци за рекламации на поштенски пратки

Za w1

 

            Значајно за потенцирање е дека кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар во 2022 година се бележи зголемување од 10, 4 % по однос на поднесени рекламации во 2021 година. Кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар во 2022 година, биле поднесени вкупно 976 рекламации, наспроти 884  во 2021 година.

Број на рекламации за писма во однос на пакети кај даватели на поштенски услуги

Za w2

Корисниците поднесувале рекламации кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар по следните видови на пратки: обични писма, препорачани писма, вредносни писма, пакети и вредносни пакети. Најголем процент на рекламации се поднесени по основ на оштетени и намалена содржина на поштенски пратки и тоа 62%. 

Зголемениот број покажува дека граѓаните односно корисниците на поштенски услуги, сепак знаат како и каде треба да се обратат доколку имаат забелешки за услугите кои што ги користеле.

 

Според статистичките податоци на Агенцијата за пошти, во 2022 година, давателот на универзалната услуга АД „Пошта на Северна Македонијабележи намалување од 59,5 % по однос на примените рекламации.

Кај давателот на универзалната услуга во 2022 година, биле поднесени вкупно 407 рекламации, наспроти 1006 во 2021 година.

 

Поднесени рекламации  кај давателот на универзалната услуга - АД „Пошта на Северна Македонија“

Za w3

 

Вкупен број на рекламации по основ на поднесување - АД „Пошта на Северна Македонија“

 

Za w4

Најголем процент  на поднесени рекламации се однесуваат за изгубени поштенски пратки и тоа околу 55%.