Намален број на вработени во поштенскиот сектор во 2022 година
Во 2022 година бројот на вработени во поштенскиот сектор изнесува 3.121 лица, од кои 1.998 лица се вработени кај давателот на универзална услуга АД „Пошта на Северна Македонија“, додека 1.123 лица се вработени кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар.
Споредбено со 2021 година број на вработени лица во поштенскиот сектор во 2022 година е намален за 8.5.%.
Движење на бројот на вработени кај давателите на поштенски услуги за период 2016 -2022 година
Бројот на вработени кај АД „Пошта на Северна Македонија“ е намален за 8.8 % споредбено со 2021 година, додека бројот на вработени кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар е намален за 7.2 % споредбено со 2021 година.
Бројот на вработени во поштенскиот сектор во 2022 година изнесува 0.45 % од вкупниот број на вработени лица во Република Северна Македонија.