Спроведен вонреден надзор над правен субјект кој обезбедува поштенски услуги без Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти

Izvestuvanje001

Согласно член 73 и 76 од Законот за поштенските услуги, Агенцијата за пошти  спроведе вонреден надзор врз основа на сомневања на овластените лица (по службена должност) - со предмет: спроведување на член 38 став 1 од Законот за поштенските услуги врз правниот субјект  Друштво за поштенски и курирски услуги ВАША ПОШТА ДООЕЛ Скопје поради обезбедување на поштенски услуги без Општо овластување спротивно на членот 38 став (1) од овој закон.

За спроведениот вонреден надзор, составен е Записник за извршен надзор со УПI бр.02-98 од 09.06.2023 година и издадени се два прекршочни платни налози – еден за правното лице и еден за одговорното лице во правно лице.