Соопштенија

Работна средба на тема „Дигитална фискализација и сузбивање на даночната евазија во е- трговијата”

16.10.2019
Работна средба на тема „Дигитална фискализација и сузбивање на даночната евазија во е- трговијата”
Во организација на Министерството за финансии и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија на 14.10.2019 год. се одржа тркалезна маса на тема „Дигитална фискализација и сузбивање на даночната евазија во е-трговијата”, со цел да се помогне во собирање на релевантни информации, сознанија и мислења од сите засегнати страни за сузбивање во делот на податоци и проценки околу големината и распространетоста на евазија во областа на е-трговијата и расположливите ресурси на институциите за откривање и сузбивање на ваквиот облик на сивата економија.

Работилница во рамките на твиниг проектот „Јакнење на капацитетите на Агенцијата за пошти во согласност со Поштенската директива на ЕУ“

16.10.2019
Работилница во рамките на твиниг проектот „Јакнење на капацитетите на Агенцијата за пошти во согласност со Поштенската директива на ЕУ“
Од 14-ти до 18-ти Октомври 2019 година, во просториите на Агенцијата за пошти се одржува работилница од 1. Компонента – Креирање на стратешки документи, која е дел од активностите кои се предвидени во рамките на Твининг проектот „Јакнење на капацитетите на Агенцијата за пошти во согласност со Поштенската директива на ЕУ“.

Светски ден на поштите

09.10.2019
Светски ден на поштите
Светскиот ден на поштата се празнува секоја година на 9 октомври, тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн. Целта на Светскиот ден на поштата е да ја подигне јавната свест за улогата на поштенскиот сектор во секојдневниот живот на луѓето и бизнисите и неговиот придонес за општествениот и економски развој на земјите.

Трет Вонреден Конгрес на Светскиот Поштенски Сојуз

26.09.2019
Трет Вонреден Конгрес на Светскиот Поштенски Сојуз
Делегацијата на Република Северна Македонија предводена од директорот на Агенцијата за пошти г-ѓа Билјана Аврамоска – Ѓореска, во состав од Наташа Хронеска- Советник во Постојаната мисија на РСМ во Канцеларијата на ОН во Женева, Ејуп Рустеми - Генерален директор на АД Пошта на Северна Македонија, Горан Игнатовски -  Раководител на директорат за финансиски и економски работи во Агенцијата за пошти, Рами Јусуфи - Шеф на кабинет во АД Пошта на Северна Македонија, Сара Брава - Советник во кабинетот на генералниот директор на АД Пошта на Северна Македонија, Димитар Лазаревски- Шеф на оддел за поштенски сообраќај, Весна Димовска - Соработник, Виолета Тасевска – Соработник и Бурим Билали - Втор секретар во Постојаната мисија на РСМ во Канцеларијата на ОН, присуствуваше на Третиот  Вонреден Конгрес на Светскиот Поштенски Сојуз кој се одржува во Женева од 24 до 26 септември 2019 година.

54-иот Пленарен состанок на CERP

30.06.2019
54-иот Пленарен состанок на CERP Агенцијата за пошти беше домаќин на 54-иот Пленарен состанок на CERP, кој  се одржа на 12 и 13 Јуни во Скопје. Овој Пленарен состанок беше во рамките на ЕУ- Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за пошти“. На истиот присуствуваа околу 80 учесници од преку 20 земји, претставници на министерства, регулатори и меѓународни организации од поштенскиот сектор.

Свечено отворање на твининг проектот финансиран од ЕУ

01.03.2019
Свечено отворање на твининг проектот финансиран од ЕУ
На 27 февруари 2019 година, во хотелот „Холидеј Инн“ со почеток во 11ч. и 30 мин. беше свечено отворен Твининг проектот финансиран од Европската Унија „Зајакнување на капацитетите на Агенцијата за пошти”. Главната цел на овој Твининг проект е зајакнување на капацитетите на Агенцијата за пошти во согласност со барањата што произлегуваат од националното законодавство, како и од Поштенската директива на ЕУ.

Апликации за работни позиции за ЕУ Твининг проект

18.12.2018
Апликации за работни позиции за ЕУ Твининг проект
Поради потребите на ЕУ  Твининг проект ,чиј корисник е Агенцијата за пошти, потребни се лица на 2 позиции, односно еден (1) Асистент на РТА и еден (1) Јазичен асистент на РТА, во рамките на Твининг проектот.

Покана за присуство на Тринаесетта јавна седница на Агенцијата за пошти

18.12.2018
Покана за присуство на Тринаесетта јавна седница на Агенцијата за пошти
Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на Тринаесетта јавна седница која ќе се одржи на 20.12.2018 година (Четврток) со почеток во 11:00 часот во хотел Холидеј Инн, во Дневната сала. Ја користиме оваа можност да Ве известиме дека Агенцијата за пошти овие седници ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат и запознаат со нејзините превземени активности.

Прва годишна конференција за е-трговија во Македонија

26.10.2018
Прва годишна конференција за е-трговија во Македонија
На 26-ти октомври 2018 година во салата на Хотелот Мериот во Скопје се одржа Првата конференција за е-трговија во организација на Асоцијата на е-трговија на Македонија.Темата на овогодинешната конференција гласеше „е-Трговија: е-Иднината за е-Македонија”.

Светски ден на поштата

08.10.2018
Светски ден на поштата 2018