Во рамките на процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, а особено во усогласување на регулативата и на практиките во поштенскиот сектор, во 2018 година е започнат и се одвива Твининг проектот "Јакнење на Капацитетите на Агенцијата за пошти", помеѓу Кралството Шпанија и Агенцијата за пошти.
Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата го одржа 19-от јавен состанок на кој ги информираше сите чинители на пазарот на поштенските услуги за преземените активности и регулаторни мерки во 2022 година. Воедно, на јавниот состанок, јавноста беше запознаена со состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и со плановите и програмите за делување во идниот период.
Агенцијата за пошти има чест да ве покани на Четиринаесеттата Јавна седница и промоција на кампањата „Твојата пратка во безбедно сандаче", која ќе се одржи на 20.12.2019 година (петок), во 11:00 часот, во хотел Холидеј Ин, сала Милениум 2.
Агенцијата за пошти, изразува големо задоволство и благодарност до сите учесници кои испратија писма на Меѓународниот конкурс за пишување писмо на Светски поштенски сојуз на тема „Напиши писмо за тоа во каков свет сакаш да пораснеш“. Жири комисијата го избра најдоброто писмо кое ќе ја претставува Република Македонија на овој традиционален меѓународен конкурс. Покрај првонаграденото писмо, Агенцијата наградува уште 2 и одлучи да пофали 4 писма.
Агенцијата за пошти, за извршување на своите надлежности, има потреба од релевантни и точни квалитативни и квантитативни податоци и информации од работењето на давателите на поштенски услуги. Една од обврските за сите поштенски оператори која и служи на таа цел, е и обврската за носителите на Општи овластувања да обезбедат систем за континуирано следење и мерење на обемот на извршените поштенски услуги и за резултатите да достават шестмесечни писмени извештаи до Агенцијата.