Користете поштенски услуги, помалку ќе излегувате од дома и ќе се заштитите од коронавирусот

Поштенските услуги во настанатите ограничувања со коронакризата се меѓу клучните канали за поврзување на граѓаните, администрацијата и за поддршка на бизнисот. Ако кај меѓународните пратки има ограничувања поради укинатиот авионски превоз, нема проблеми за користење на внатрешниот поштенски сообраќај.