Соопштенија

ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО – ПОДРУЖНИЦА ФАЛКОН ЛОГИСТИК КУРИР (ФЛЦ) Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

10.11.2023
Агенцијата за пошти на ден 09.11.2023 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги Друштвото за меѓународен и внатрешен превоз на стоки ФАЛКОН ЛОГИСТИК ДОО – ПОДРУЖНИЦА ФАЛКОН ЛОГИСТИК КУРИР (ФЛЦ) Скопје.

Агенцијата за пошти на 2-от состанок на Контакт мрежата (CN)приГрупата на Европски регулатори за поштенски услуги (ERGP)

24.10.2023
2023
На 20-ти октомври 2023 година во Солун, Република Грција се одржа 2-отсостанок на Контакт мрежата (CN)при Групата на Европски регулатори за поштенски услуги(ERGP), на кој учествуваа претставници од Агенцијата за пошти: директорката Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителите на директорати од Стручната служба на Агенцијата, Горан Игнатовски и Данијела Спасиќ Томовска.

Анализа:Поштенскиот сектор во Република Северна Македонија и негова одржливост под влијание на мегатрендовите

16.10.2023
Photo
Работејќи во услови на исклучително предизвикувачкиот контекст за давателите на поштенски услуги, за навреме и соодветно да се одговори на зголемената побарувачка на нивните услуги поради рапидниот пораст на е-трговијата, севкупниот поштенски сектор има за цел да обезбеди тројно позитивно влијание во општеството, и тоа: економскo, социјалнo влијание и еколошко влијание.

Известување до корисниците на поштенски услуги

13.10.2023
Info
Во Агенцијата за пошти пристигнаа неколку пријави од граѓани кои информираа дека преку смс-пораки добиваат известувања од давателите на поштенски услуги АД„Пошта на Северна Македонија“, „DHL“, „UPS“ и тоа со различни содржини поврзани со достава на пратки, потврда за царинско плаќање, погрешна адреса за испорка, потреба за уплата на различни парични вредности и сл.

Известување до корисниците на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје

10.10.2023
Izvestuvanje
Давателот на универзалната услуга - АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, ги известува своите корисници дека е објавен ажуриран список со земји за кои може да се примаат и испраќаат ЕМС пратки (брза пошта ЕМС на Пошта на Северна Македонија е високопрофесионална услуга која на своите корисници им нуди најбрз, најквалитетен и најсигурен пренос на поштенски пратки во земјата и странство, согласно прописите и предвиденитре рокови за пренос).

„Меѓународен ден на поштите:Кои се правата и обврските на граѓаните но и на давателите, како до сигурна достава и безбедно онлајн купување“. Разговор со Билјана Аврамовска Ѓореска - директорка на Агенција за пошти во утринската програма на МРТ

09.10.2023

„Меѓународен ден на поштите:Кои се правата и обврските на граѓаните но и на давателите, како до сигурна достава и безбедно онлајн купување“. Разговор со Билјана Аврамовска Ѓореска - директорка на Агенција за пошти во утринската програма на МРТ

 

 

https://play.mrt.com.mk/play/566217

Агенцијата за пошти со свои претставници на 4-от Форум на чинителите во поштенскиот сектор на Европската Група за поштенски регулатори ( ЕРГП)

09.10.2023
ЕРГП-2023
На 27 – ми септември, 2023 година во Брисел, Белгија се одржа 4-от форум на Европските регулатори, на кој присуствуваа и претставници од Агенцијата за пошти, Ана Ковачевска, раководителка на Директоратот за заштита на правата на корисници и односи со јавноста и Мартин Спасовски, соработник за решавање на спорови.- Форумот преставува одлична можност за претставниците на Европската комисија, националните регулатори тела како и за засегнатите страни да ги разменат своите мислења и искуства за прашања кои се однесуваат на поштенскиот сектор.

Светскиот ден на поштите

06.10.2023
wpd
Светскиот ден на поштите се одбележува секоја година на 9 октомври. Тоа е годишнина од основањето на Светскиот поштенски сојуз (Universal Postal Union -UPU) во 1874 година во швајцарскиот град Берн.