Во чест на филателијата

Во чест на филателијата

Неколку пошти низ светот ја одбележуваат 140-тата годишнина на Светскиот поштенски сојуз преку издавање на различни филателистички предмети

Во Швајцарија, националната пошта издаде нова поштенска разгледница на датата на годишнината на Светскиот поштенски сојуз, 9 октомври, која ќе се продава во шест поштенски единици низ земјата, вклучувајќи го и Берн и просториите на Светскиот поштенски сојуз.

Разгледницата со слика, која го покажува стариот град на Берн во величествено опкружување на Алпите и со франкирана марка со вредност од 1.90 CHF (90 денари), ќе биде посебно привлечна и за колекционерите и за туристите.

Дизајнот на марката е основан врз сегашната марка на Светскиот поштенски сојуз (Colombe de Bâle) издадена од Швајцарската пошта во 2012 година за употреба за поштенски пратки кои излегуваат од Интернационалното биро во Берн.

Во други делови од светот, Белорусија издаде марка и прв ден плик на издание за да ја обележи годишнината, додека Република Чешка направи посебна ознака за поништување, а Маврициус комеморативен коверт.