Агенцијата за пошти ја поддржа акцијата „Ден на дрвото“

Агенцијата за пошти ја поддржа акцијата „Ден на дрвото“

На 03.12.2014 година, директорот на Агенцијата за пошти Влатко Атанасоски заедно со вработените, учествуваа на 14 –та акција „ДЕН НА ДРВОТО 2014 - Засадија својата иднина“. Мотото на акцијата оваа година е „Стоп за катастрофите “.

Вработените од Агенцијата за пошти, на новоформираниот зелен појас на булеварот Февруарски поход во Ново Лисиче, засадија дрвце со што ја поддржаа оваа акција со цел да се поттикне заштитата на животната средина.

На површина од 1.107 хектари вчера беа засадени околу 5 милиони дрвца низ територијата на цела Македонија.

Главен акцент на пошумувањето годинава беше ставен на голи и опожарени површини, а се раззеленуваше и во урбаните и руралните средини, голините и корозивните места.

Проектот за пошумена Македонија преку засадување на иднината се појави во август 2007 година, кога амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов,  поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини. Незаборавна е изјавата на уметникот дека „Не сме само ние жители на Планетета, и шумите се жители како и ние“.

Image
den_drvo2.jpg
Image
den_drvo3.jpg