Учество на 19-от состанок на Групата на Европски регулатори за поштенски услуги (ЕРГП)

На27 ноември 2020 година, Групата на Европски регулатори за поштенски услуги (ЕРГП) го одржа 19 –от пленарен состанок преку видеоконференциски пат, под претседателство на д-р Спирос Пантелис, заменик –претседател на грчката комисија за телекомуникации и пошти (ЕЕТТ), на кој учествуваше директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителката на Директоратот за следење и анализа на пазарот, Данијела Спасиќ Томовска.

 

На пленарниот состанок се усвоија следните документи:

ERGP PL II (20) 7 -Извештај за поштенските дефиниции;

ERGP PL II (20) 26 –Извештај за последиците предизвикани од COVID-19 пандемијата врз поштенскиот сектор;

ERGP PL II (20) 22 -Извештај за квалитетот на услугите и заштита на корисниците;

ERGP PL II (20) 23 –Извештај за клучните индикатори за следење на развојот на поштенскиот пазар во 2019 година;

ERGP PL II (20) 8 - Извештај за клучните прашања на корисниците;

ERGP PL II (20) 24 –Извештај за имплементација на регулативата (EU) 2018/644;

ERGP PL II (20) 25 – Извештај за соодветноста на регулаторните алатки за промовирање на конкуренцијата;

ERGP PL II (20) 28 –Извештај за моделите за интерконекција и пристапот до меѓународните поштенски мрежи.

 

Извештаите за поштенските дефиниции, за клучните прашања за корисниците и регулаторните алатки претставуваат значаен исчекор напред  и даваат важен придонес за обликување на новата регулаторна поштенска рамка.

Извештаите за развојот на пазарот, квалитетот на услугите, последиците од COVID -19 и моделите за интерконекција обезбедија проширено знаење за поштенскиот пазар.

Извештајот за  спроведувањето на Регулативата (EU) 2018/644 претставува значаен придонес кон Извештајот на Комисијата, кој треба да се достави во 2021 година.

Воедно, на состанокот беше одобрена Програмата за работа на ЕРГП за 2021 година, со која се утврдени задачите и активностите на ЕРГП за 2021 година, и истите се  во согласност и со среднорочната стратегија на ЕРГП 2020-2022 година.

Исто така на состанокот беше избран Prof. Dr. Mariano Bacigalupo (член на управниот одбор наЦНМЦ), за претседавач на ЕРГП за 2022 година.

https://www.linkedin.com/company/ergp-the-european-regulators-group-for-postal-services/