Одобрен Годишниот Извештај за работа на Агенцијата за пошти за 2020 година
Врз основа на член 16 став 7 од Законот за поштенски услуги („Службен Весник на Република Македонија“ број 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и „Службен Весник на Република Северна Македонија“ број 275/2019), Комисијата на Агенцијата за пошти, на предлог на директорката, на состанокот одржан на ден 29 март 2021 година, го одобри Годишниот Извештај за работа на Агенцијата за пошти за 2020 година.
Согласно член 12 став 3 од Законот за поштенски услуги, („Службен Весник на Република Македонија“ број 158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019 и „Службен Весник на Република Северна Македонија“ број 275/2019), Годишниот Извештај за работа на Агенцијата за пошти за 2020 година, е доставен до Собранието на Република Северна Македонија во законски предвидениот рок, 31-ви март во тековната година.