Даватели на поштенски услуги кои имаа најголем удел на пазарот на поштенски пакети во внатрешниот поштенски сообраќај во 2020 година
Агенцијата за пошти редовно прибира податоци од пазарот на поштенските услуги, со цел следење на развојните трендови на пазарот, како и заради извршување и исполнување на своите надлежности и обврски дефинирани со прописите за регулирање на поштенскиот сектор.
Анализата за состојбата на пазарот за поштенски услуги која се темели на податоците покажа дека во текот на 2020 година, понудата на поштенскиот пазар ја креираа 6-те (шестте) најголеми приватни даватели на поштенски услуги, кои со своите портфолија на поштенски услуги имаа најголем удел на пазарот на поштенски пакети во внатрешниот поштенски сообраќај.
ðПрвите 2 (две) најголеми приватни компании - даватели на поштенски услуги, Карго Експрес Битола и ДелЦо ДООЕЛ Скопје, имаа (заедно) развиено мрежи од 71 поштенски канцеларии и сортинг центри со над 5.000 м², со 441 ангажирани лица - поштенски персонал, со 244 моторни возила и вкупно остварен обем од 2.924.928 услуги за пратки (пакети + писма).
ðСледните 4 (четири) даватели беа приближно со еднаков пазарен удел - Еко Логистик Сервис Скопје, Фалкон Логистик Скопје, Нова пошта Скопје и ТПЛ Тотал Логистик Скопје, со остварен обем од вкупно 2.180.842 услуги за пратки (пакети + писма). Истите вработиле или ангажирале вкупно 358 лица - поштенски персонал. Наведените даватели заедно располагаа со мрежа од 53 поштенски канцеларии и сортинг и логистички центри со вкупна површина од над 3 200 м², а во процесите имаа вклучено 219 моторни возила.
Слика бр. 1 Даватели на поштенски услуги
Слика бр. 2 Обем на пратки
Слика бр.3 Вработени и единици на поштенска мрежа
Слика бр.4 Остварен обем на писма и пакети од страна на давателите на поштенски услуги