Презентиран статистичкиот извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија во 2020 година

Агенцијата за пошти следејќи ги потребите на корисниците и на давателите на поштенски услуги, од оваа година започна со изготвување на Статистички извештај во јуни во тековната година за изминатата година, со цел согледување на резултатите од работењето на поштенскиот пазар и овозможување навремено планирање на идните активности на сите чинители на пазарот.

Условите предизвикани од пандемијата и потребата за он -лине нарачки и достава до дома ја зголеми потребата од вработени лица во поштенскиот сектор, поточно во фазата на доставата, со цел да се излезе во пресрет на потребите на корисниците. Вкупниот број на вработени  лица во поштенскиот сектор во 2020 година изнесува 3.458 лица и овој број е зголемен за околу 17% во однос на 2019 година. 

Вкупниот број на вработени лица кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар е зголемен за околу 42% во 2020 година.

Имајќи ја во предвид изминатата година која беше под силно влијание на пандемијата и предизвиците со кои беше соочен поштенскиот пазар исклучително е важно да се напомене дека поштенскиот сектор успешно се справи со сите предизвици и тоа е потврдено со податок дека вкупниот обем остварен во 2020 година е намален во однос на 2019 година за 1,98% и покрај тешките услови за работа и потребата од прилагодување на потребите.

Во текот на 2020 година АД. Пошта на Северна Македонија остварила вкупен обем од над 34 милиони поштенски пратки, при што може бележи пад од 4,12 % во однос на 2019 година. Од вкупно остварениот поштенски сообраќај во АД.Пошта на Северна Македонија во 2020 година, најголем процент 93,6 % се остварени од услуги од обезбедување на пратките за коресподенција, а од нив 83,5 % обичните писма.

Обемот на пакетите кај давателите на поштенските услуги во 2020 бележи 57 % зголемување во однос на минатата 2019 година, а заедно со малите пакети има зголемување од 67% што посочува дека давателите на слободниот пазар приматот го имаат во обезбедување на пакетите што е и позитивно оценето односно е во согласност со развојните трендови. Развојот на е-трговијата налага поголема активност во овој дел од услугите а тоа е и препознаено на пазарот од страна на приватните даватели на поштенски услуги.

            Вкупниот приход кај сите даватели на поштенски услуги во 2020 година во однос на 2019 година е зголемен за околу 11% и е во корелација со зголемување на обемот на обезбедување на услугите.

Зголемувањето на процентот на рекламациите поднесени кај давателите на поштенски услуги укажува на зголемена свест кај корисниците за своите права и искористување на можноста за приговарање по однос доставување на поштенски услуги.