Награден конкурс за доделување на годишна награда за истражувачки труд од областа на поштенските услуги во Република Северна Македонија

Konkurs

Врз основа на Одлука за распишување на конкурс арх. бр. 03-238/1, со цел да се подигне јавната свест за значењето на поштенскиот пазар како и стимулирање на развојот на  научната мисла и изработка на трудови од областа на поштенските услуги, Агенцијата за пошти за прв пат оваа година објавува

 

 

 

 

 

 

 

 

НАГРАДЕН КОНКУРС

за истражувачки труд од областа на поштенските услуги во

Република Северна Македонија

на тема  „ Развојот на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија“

 

             Наградата ја доделува Агенцијата за пошти во паричен износ од 30.000 денари.

Истражувачкиот труд треба да содржи осврт на развојот на македонскиот поштенски пазар и личен поглед кон неговата улога и значење во домашната економија.

Истиот треба да содржи најмногу 10.000 зборови ( не вклучувајќи апстракт, библиографија и анекси). Текстот на трудот треба да биде подготвен во Microsoft Word за Windows во фонт Times New Roman на А-4 формат- страница. Трудот треба да биде изработен во стандардна структура и да ги содржи следните делови:

  1. Апстракт, клучни зборови,
  2. Опис на методи на истражување кои се користат во трудот,
  3. Анализа,
  4. Заклучни согледувања и     
  5. Библиографија, ( со исклучок на веб -страницата Енциклопедија -Википедија) .

 

Право на учество на конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија над дваесет и пет годишна возраст.

Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесување на трудот немаат право на учество на конкурсот.

Трудовите се поднесуваат на македонски или албански јазик.

Вработените и членовите на Комисијата на Агенцијата за пошти немаат право на учество на конкурсот ( како и нивни брачни или вонбрачни другари, како и блиски роднини во прва линија до второ колено).

Еден автор има право да поднесе само еден самостоен труд. Трудовите кои се изработени во коавторство нема да бидат прифатени.

На конкурсот авторите имаат право да конкурираат и со веќе објавени трудови во тековната година, но при поднесувањето на трудот, авторот да наведе кога и каде бил објавен истиот.

Покрај трудот , авторот треба да достави и биографски податоци.

Конкурсот ќе се смета за успешен доколку се пријават најмалку три истражувачки труда кои ги исполнуваат наведените услови.

Трудовите се поднесуваат на адреса на Агенцијата за пошти  : ул. Кеј 13 ти Ноември, Градски Трговски Центар ,кат 2, зграда 4, влез 1, локал 2, Скопје- п. фах 160 или на електронската адреса на Агенцијата: info@ap.mk со назнака „За награден конкурс на Агенцијата за пошти за 2021 година“.

Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер. Агенцијата го задржува правото да го објавува во целост или делумно само  наградениот труд. Останатите трудови кои се доставени во хартиена форма се враќаат на авторите.

Изборот на најдобар труд ќе го направи комисија составена од 5 члена, од кои најмалку двајца се надворешни членови. Членовите на Конкурсната комисија ги назначува директорката на Агенцијата за пошти со одлука која ќе се објави на веб- страницата на Агенцијата за пошти www.ap.mk .

                    Краен рок за доставување на трудовите е 10 декември (петок) 2021 година.

Изборот за најдобар истражувачки труд ќе биде објавен на 22 декември ( среда) 2021 година на веб- страницата на Агенцијата за пошти.