Одржан 15-от состанок на Комисијата на Агенција за пошти во 2021 година

Врз основа на член 15 ст. 1, член 16 ст. 1 алинеја 10 и член 19 ст. 3  од Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија" бр.158/2010, 27/2014, 42/2014, 187/2014, 146/2015 и 31/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019, и „Службен весник на Република Северна Македонија" бр.275/2019 и бр.150/2021), Комисијата на Агенција за пошти, на предлог на директорката, на седницата одржана на ден 03 ноември  2021 година, преку апликацијата zoom донесе:

Воедно, на состанокот, Комисијата на Агенцијата за пошти ја разгледа Нацрт – Стратегијата за спречување на корупција и судир на интереси на Агенцијата за пошти за периодот 2022 – 2024 година поднесен од директорката Билјана Аврамоска Ѓореска.  Спроведувањето на Стратегијата ќе треба да придонесе за намалување на нивото на корупција, подобрување на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во сите сектори на општеството, вклучително и поштенскиот, а со тоа да се обезбеди јавноста да има повисока доверба во работата на поштенскиот сектор.

Основниот принцип на Агенцијата за пошти е јакнење на интегритетот преку нулта толеранција на кое било коруптивно однесување.