Покана за присуство на 17-та Јавна Седница на Агенцијата за пошти

Покана за присуство на

17-та Јавна Седница на Агенцијата за пошти

Агенцијата за пошти Ве поканува да присуствувате на 17-та Јавна Седница, која ќе се одржи на 22.12.2021 (среда) со почеток во 11 часот во конференциската сала на Хотел „Солун“ во Скопје.

Почитувајќи го принципот на транспарентно работење, Агенцијата своите јавни седници ги организира со цел да им овозможи на сите заинтересирани страни да се информираат за превземените активности и за регулаторните мерки во тековната годината. Оваа прилика ја користи и да ја презентира состојбата на поштенскиот пазар во Република Северна Македонија, како и да ја запознае јавноста со тековните активности , плановите и програмите за делување во идниот период.

Јавната седница ќе го има следниот дневен ред:

  1. Воведно излагање;
  2. Статистички извештај за поштенските активности во Р. С. Македонија за I-во полугодие од 2021 година;
  3. Рекапитулација на активностите на Агенцијата за пошти во 2021 година;
  4. Планови и идни проекти.

Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на следната е- маил адреса info@ap.mk  или телефонски на 3 212-107, најдоцна до 21.12.2021 година (вторник).

НАПОМЕНА: Настанот ќе се организира според сите КОВИД протоколи кои се на сила