ЕРГП ја поддржа иницијативата на давателите на поштенски услуги за испраќање/достава на пратки за Украина
ЕРГП ја подржува иницијативата за привремено смалување на цените или ослободување во потполност од наплата на поштарина и други трошоци за пратките со хуманитарна помош која е наменета за жителите на Украина.
Агенцијата за пошти како членка – наблудувач на Европската група на поштенски регулатори (ЕРГП), ја информира заинтересираната јавност и сите чинители на пазарот на поштенските услуги во Република Северна Македонија за соопштението на ЕРГП со кое ова советодавно тело на Европската Комисија искажува силна подршка на иницијативата на овластените даватели на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај во државите членки на ЕУ, а во врска со привременото намалување на цените или ослободување во потполност од наплата на поштенските услуги (поштарина) и други наплати/трошоци за поштенските услуги со хуманитарна помош кои се наменети за жителите погодени од војната во Украина.
ЕРГП ги повикува давателите на поштенските услуги да ги намалат, односно укинат таксите кои ги наплатуваат за испраќање пакети, вклучувајќи ги и поединечните поштенски пратки, кои содржат лекови и хуманитарна помош за Украина. Украинското регулаторно тело го извести ЕРГП дека на територија на Украина нема да наплатува за достава на хуманитарни пратки кои без такси ги испорачуваат давателите на поштенските услуги од ЕУ.
Интегрално целото соопштение: