Расте побарувачката за пакетските услуги

На пазарот на поштенските услуги во Република Северна Македонија во 2021 година забележан е континуитет во растот на обемот на пакетите. Обемот на пакети е 4.832.940, кои сочинуваат 12,8% од вкупниот обем на поштенски пазар, најмногу до сега.

Зголемување на бројот на пакети е во корелација со забрзаната промена на потрошувачките навики поради пандемијата, каде се поголем број на потрошувачи ја користат електронската трговија, при што доставата на купената стока најчесто ја обезбедуваат давателите на поштенските услуги. Во иднина се очекува и натамошен раст на побарувачката на овие услуги.

Обемот на пакети кај давателите на поштенските услуги на слободниот пазар, во 2021 година бележи 38,7% зголемување во однос на 2020 година.

 

 

Статистички2021

 

 

Статистички 2021

 

Од вкупниот обем на поштенски пратки на  давателите на поштенски услуги на слободниот поштенски пазар, 66.7 %  е остварен од  поштенската услугата  - пакети.

 

Статистички-1 2021

 

Во 2021 година се забележува зголемување на обемот на пакетите кај давателот на универзалната услуга АД „Пошта на Северна Македонија во однос на 2020 година и тоа за 43%. Зголемување на обемот на пакетите е во чекор со трендовите и сѐ поголемата побарувачка на онлајн услуги. Со оглед дека АД „Пошта на Северна Македонија имаше опаѓање на овие услуги наназад во годините, ова зголемување значи дека давателот на универзалната услуга е сѐ повеќе насочен кон нови услуги согласно побарувачката на пазарот.

 

Статистички-2 2021

 

          Од вкупниот обем на поштенски пратки на давателот на универзалната услуга, 0.42%  е остварен од  поштенската услугата  - пакети.

Генерално, давателите на поштенските услуги на слободниот пазар имаат удел од 97% во поштенската  услуга – пакети, и со тоа го имаат приматот во обезбедување на оваа поштенска услуга.