Известување до корисниците на АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје

Известување до корисниците на АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје

Давателот на универзалната услуга - АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, ги известува своите корисници дека како последица на пандемијата на COVID – 19 вирусот во државите ширум светот дојде до значајни промени и во меѓународното поштенско работење.

Давателот на универзалната услуга - АД„Пошта на Северна Македонија“ – Скопје е во постојан контакт со меѓународните поштенски оператори и превозници и своето меѓународно работење го прилагодува на постојната состојба

Пописот на држави за кои е овозможено испраќање на поштенски пратки може да се види на следниот линк на веб страната на АД Пошта на Северна Македонијa www.posta.com.mkДржави за кои може да се праќаат поштенски пратки, и истиот се ажурира согласно околностите во државите.

Сите корисници пред испраќање на поштенски пратки во меѓународен поштенски сообраќај да го проверат редовно ажурираниот попис на држави за кои може да се испраќаат поштенски пратки.

Заради актуелната ситуација со COVID – 19 вирусот, авиокомпаниите преку кои се транспортираат поштенските пратки вршат промени на летовите на дневна основа. Со оглед на тоа, а и заради редуцираниот број на летови, очекувани се поголеми задоцнувања во транспортот.

АД „Пошта на Северна Македонија“– Скопје нема прекин во доставувањето на пратки од меѓународниот поштенски сообраќај, односно сите пратки кои пристигнуваат во државата се доставуваат до крајните корисници односно примачи.