Укинато Општо oвластување на давателот на поштенски услуги БИЗНИС ПОШТА увоз-извоз ДООЕЛ Битола

Агенцијата за пошти на 12.10.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за поштенски и курирски услуги БИЗНИС ПОШТА увоз-извоз ДООЕЛ Битола.

Агенцијата за пошти   согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010, 27/2014, 42/2014,1 87/2014, 146/2015, 31/2016, 190/2016, 64/2018, 248/2018, 27/2019  и ,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр. 275/2019 и 150/2021), констатира престанок на обезбедувањето поштенски услуги за давателот на поштенски услуги  БИЗНИС ПОШТА увоз-извоз ДООЕЛ Битола,  со што БИЗНИС ПОШТА увоз-извоз ДООЕЛ Битола го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

БИЗНИС ПОШТА увоз-извоз ДООЕЛ Битола работеше во поштенскиот сектор од 04.08.2021 година до 12.10.2022 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под УП I бр.02-76, за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на дел од територија на Република Северна Македонија - за подрачјето на  Општина Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила.