ГРАДСКО КАРГО ДООЕЛ увоз-извоз Битола не е повеќе давател на поштенски услуги

Агенцијата за пошти на ден 26.10.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за производство, трговија и услуги ГРАДСКО КАРГО ДООЕЛ увоз-извоз Битола.

Агенцијата за пошти   согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги констатира престанок на обезбедување поштенски услуги на давателот на поштенски услуги  ГРАДСКО КАРГО ДООЕЛ увоз-извоз Битола,  со што ГРАДСКО КАРГО ДООЕЛ увоз-извоз Битола го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

ГРАДСКО КАРГО ДООЕЛ увоз-извоз Битола работеше во поштенскиот сектор од 09.12.2021 до 26.10.2022 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под УП I бр.02-81, за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на дел од територија на Република Северна Македонија -за подрачјето на  Општина Битола.