Учество на преставници на Агенцијата за пошти на 2-та сесија на Советот на Администрација при Светскиот Поштенски Сојуз

Во период од 23 до 28 октомври 2022 година во Берн, Швајцарија се одржа 2-та сесија на Советот на Администрација (СА) при Светскиот Поштенски Сојуз за 2022 година, на која присуствуваа директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска и раководителот на Директоратот за финансии, сметководство и економски прашања од поштенската област, Горан Игнатовски.

Во рамките на состаноците на Комитетите во рамките на СА, се разгледуваа  повеќе документи кои се однесуваат на поштенската регулатива, отварањето на Сојузот кон приватните актери во поштенскиот сектор, Стратегијата на Сојузот за период 2026 – 2029 година, и истите беа одобрени од страна на Советот за администрација.  На пленарната сесија, од страна на земјите членки на СА,  Саудиска Арабија беше изгласана за  земја домаќин на Вонредниот Конгрес на Светскиот Поштенски Сојуз 2023 година.

 Воедно, во организација на Меѓународното биро при Светскиот поштенски сојуз се одржа и Конференција за поштенската регулатива на која учествуваа носителите на одлуки на највисоко ниво од владите, регулаторните тела, назначените оператори, меѓународните организации како и пошироките чинители во поштенскиот сектор (WPSPs), на која се разменија мислења за ангажманот на приватните актери во работата на Светскиот Поштенски Сојуз и нивниот пристап до производите и услугите на Сојузот.

Image
Bern
Image
Bern
Image
Bern