СИТИ ПОШТА ДООЕЛ Скопје не е повеќе давател на поштенски услуги

Агенцијата за пошти на ден 16.11.2022 година го избриша од службената евиденција за даватели на поштенски услуги, Друштвото за поштенски и курирски услуги СИТИ ПОШТА ДООЕЛ Скопје.

Агенцијата за пошти   согласно член 38 став 3 од Законот за поштенските услуги констатира престанок на обезбедување поштенски услуги на давателот на поштенски услуги  СИТИ ПОШТА ДООЕЛ Скопје,  со што СИТИ ПОШТА ДООЕЛ Скопје го изгуби статусот на давател на поштенски услуги.

СИТИ ПОШТА ДООЕЛ Скопје работеше во поштенскиот сектор од 18.01.2019 година до 16.11.2022 година, врз основа на Општо овластување издадено од Агенцијата за пошти под УП I бр.02-55, за обезбедување поштенски услуги во внатрешниот поштенски сообраќај на дел од територија на Република Северна Македонија -за подрачјето на  град Скопје.