Агенцијата преку независна компанија спроведе„Истражување за потребите на корисниците на поштенските услуги“

Агенцијата за пошти како независно регулаторно тело од областа на поштенските услуги, и во 2022 година во рамки на активностите за следење и анализа на пазарот и оваа година спроведе преку независна компанија „Истражување за потребите на корисниците на поштенските услуги“.

Предмет и цел на истражувањето

Основен предмет и цел на бараното истражување беше проценка на потребите на корисниците на поштенските услуги. Истражувањето даде одговор и проценка колку обезбедувањето на поштенските услуги од страна на давателите на поштенските услуги ги задоволува потребите на корисниците.

Методологија на истражувањето

Истражувањето беше реализирано со квантитативна истражувачка методологија односно користени беа истражувачките техники: интервјуа лице-в-лице, телефонски интервјуа и  веб-засновани/онлајн интервјуа. 

При реализацијата на квантитативните истражувања, независната компанија СЕГМЕНТС Ресеарцх  ги презема следниве активности:

1) Дизајн на прашалник и превод,

2) Дизајн на примерок,

3) Програмирање на прашалник во софтвер компјутерско собирање на интервјуата,

4) Обука на анкетари,

5) Обезбедување добра стапка на одговор,

6) Собирање на податоци и надзор на теренска работа,

7) Логичка контрола на податоците, анализа и известување и превод на конечен извештај и

8) Презентација на наодите од истражувањето.

Целна група

При определување на големината на секој од видовите на корисници, (бизнис и пратки од/за физички лица) беше применет  соодносот 70 : 30 во корист на бизнис корисниците, а вкупно 600 лица.

Вкупниот број на испитаници по целна група беа:

  • 420 испитаници правни лица и
  • 180 испитаници физички корисници.

Репрезентативноста на физичките корисници беше обезбедена според најновите податоци за проценка на населението по региони и место на живеење од 2021 година според Државниот завод за статистика. 

Репрезентативноста на испитаниците правни лица беше обезбедена според најновите податоци на активни деловни субјекти за 2021 година по дејност од Државниот завод за статистика

(извор: http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=79&rbr=3262).

Анкетите се реализираа во периодот од 10-ноември до 05-ти декември 2022 година.

 

 

Истражување на потребите на корисниците од поштенскиоте услуги