Нова цена на поштенската услуга за пратките за коресподенција од стандарната категорија во првата тежинска стапка до 50 грама
Агенцијата за пошти го одобри барањето на АД за поштенски сообраќај “Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост - Скопје, за промена на цени за обезбедување на поштенски услуги од опфатот на универзалната услуга во внатрешниот поштенски сообраќај со Решение УП I бр.02-81 од 20.01.2023 година. Цената на поштенската услуга за пратките за коресподенција од стандарната категорија во првата тежинска стапка до 50 грама на давателот на универзалната услуга изнесува 36,00 денари.
Согласно член 41 став 3 од Законот за поштенските услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 27/14, 42/14, 187/14, 146/15, 31/16, 190/16, 64/18, 248/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 150/21 и 227/22) резервираните поштенски услуги давателите на поштенски услуги се должни да ги обезбедуваат по цена најмалку 2,5 пати повисока од цената по која давателот на универзалната услуга, ги обезбедува пратките за коресподенција од стандарната категорија во првата тежинска стапка.
Тоа практично значи дека цената за услугите за писма со тежина до 50 грама, на давателите на поштенски услуги (носителите на Општо Овластување за обезбедување на поштенски услуги), не смее да биде помала од 90,00 денари.
Обезбедувањето поштенски услуги за писма до 50 грама по цена пониска од 90,00 денари е прекршок кој се санкционира согласно член 80 став 1 алинеја 5 и став 2 и став 3 од Законот за поштенските услуги.
Новите цени за услугите за писма со тежина до 50 грама ќе се применуваат од 01.02.2023 година.