Агенцијата за пошти ја усвои Политиката на интегритет
07.03.2023
Поаѓајќи од заложбите за обезбедување на почитувањето на уставноста, законитоста, професионалниот интегритет, транспарентноста и заштитата на човековите слободи и права, Агенцијата за пошти ја усвои Политика на интегритет.
Прифаќајќи ја политиката на интегритет, Агенцијата за пошти се обврзува на воспоставување на систем на интегритет, спроведување и поддршка на системот за интегритет и како и следење и известување за примената на системот за интегритет.