Билатерален скрининг за Поглавјето 8 „Политика на конкуренција“, Кластер 2 - Внатрешен пазар

Од 10 до 14 март 2023 година во Брисел се одржа билатералниот скрининг за Поглавјето 8 „Политика на конкуренција“, кое е последно поглавје во агендата на билатералниот скрининг од Кластерот 2 „Внатрешен пазар“.

Презентации пред експертите на Европската комисија имаа директорката на Агенцијата за пошти, Билјана Аврамоска Ѓореска и  раководителката на Директоратот за следење и анализа на пазарот, Данијела Спасиќ Томовска, на темите како што се правната рамка за компензациски фонд за финансирање на универзалната услуга, системот за лиценцирање, системот за посебното сметководство, конкуренцијата на поштенскиот пазар, цените за обезбедување на поштенските услуги. 

Презентациите беа одлично оценети, а заклучоците и препораките што ќе произлезат од истите ќе ги одредат регулаторните мерки и политики, како и активности на Агенцијата за пошти и следните реформски чекори во пристапниот процес.

На билатералниот скрининг учествуваа клучните институции кои се директно вклучени во скрининг процесот за Поглавје 8.

Конкурентната политика на ЕУ има за цел да создаде внатрешен пазар, каде што економските оператори слободно се натпреваруваат меѓу себе. Европското право во оваа област ги вклучува и конкуренцијата и правилата што важат за компаниите, како и политиките за контрола на државната помош.

 Во ова поглавје, исто така, се вклучуваат и правилата и процедурите за борба против антиконкурентско однесување од страна на компаниите, како што се рестриктивните договори меѓу компаниите и злоупотребата на доминанатна монополска позиција на пазарот.

Правилата за конкуренција важат подеднакво и на ист начин за сите учесници на пазарот и нивна задача е да овозможат подобро функционирање на пазарот, со што ќе се обезбеди поголема понуда на стоки и услуги по најповолни цени. 

skr1

 

skr2скрининг